Грабеж за Македонците – Тоше Проески

Кон македонскиот народ политиката на цепкање од националното ткиво е постојана, Османлиите со исламизацијата, западните сили со католицизмот и протестантизмот, а сосетките со црковно училишни и воени интервенции.


- Додека Русија, Франција, Британија и Австрија, одат со посредна пропаганда, сосетките на Македонија одат со непосредна, а подоцна и со војни. Адептите, на големите сили им се за идни интереси кај сосетките се за итни, насочени кон нови човечко-територијални ресурси со кои тие како мали заостанувале.

- Со комплекс на “мали” и желба да се “големи”, се вртат кон Македонија. Логика кога им требала си нашле кој за што, некои во древното име од Македонија (Грција), а други во “еднородноста” (Бугарија, Србија). По правилото “Направи да ти веруваат”, при јазична сличност и логика во се друго, прават се за македонскиот народ да го направат што поистороден со нивниот.

- И не случајни се грабежите за поединци-личности Македонци по род, значајни по своите дела, а на кои посебно се насочуваат пропагандите. Со “факти” за вакви значајни Македонци,тие им калемат зборови, писма и дела кои никогаш не ги изговориле, напишале или правеле, а ако ги напишале тоа било под присилба на оружјето. Преку нивтие настојуваат да го “покријат” целиот македонски народ.

- За да се сфати подобро ова, нужна е компарација со денешни слични тенденции. Имено веќе започна грабање за македонската поп и културна икона -Тоше Проески! Постојано и самодакажуван како Македонец, пропагандите ги извртуваат фактите, српската на пример уште жив му вадеше во вес.“Свет”, РТС и други кои го пренесоа наводното влашко потекло (името било Тодор Проја?!).

- Со ова постигнуваше дека е близок до нив (Србија има многу Власи и Влашки краини) и да се доведе во прашање македонизмот со настојување да го сосечи уште во неговиот нов разгорок. А него токму Тоше го разгоруваше на најдобар и најненаметлив можен начин низ неговите хумани мисии и концерти насекаде и секако не со посебна намера, но со неговата искреност.

- За сите пропагандисти, Тоше беше и премногу опасен со овој начин на културно ширење на македонизмот. Во Тоше сите народи низ Балканот најпрво гледаа – Македонец и преку него ја доживуваа – Македонија, особено кога тој со милозвучноста на својот глас и искрен пристап кон луѓето, ја доловуваше душата на Македонија и Македонците.

- А кога веќе почна да ги надминува границите на Балканот со се поконкретните понуди, договори, симпатии и по Европа, а особено со последниот пробив во Британија, веќе стана опасен особено за

Тоше ја воздигна македонската песна и култура ширум Балканот и Европа
Грците кои се во среде битка за нашето име. Ако Тоше го доживееше успехот во Европа, неминовно доаѓаше и светската слава, а кон што водеа сите показатели.

- Со ова се разбира и Македонија и македонското име веќе никој и со ништо не ќе можеше да ги доведува во прашање. Ударот по грчките интереси ќе беше зададен од таму од каде најмалку се надеваа и од кое немаше никаква одбрана. Токму тогаш се случи ненадејната сообраќајна несреќа во која загина Тоше Проески, а со тоа се прекина и освојувачкиот културен поход на новиот Александар од Македонија кој овојпат тргна кон запад.

- По ова за да и ништо не остане од македонизмот на Тоше се разграбуваат сите. Дури и Ватикан сака да го прогласи за католички светец иако се пресни сликите на Тоше како фанатичен православен верник кој и со свои раце гради православни храмови. Логика на Ватикан? – Веднаш: на концерт му била дадена статуетка со Мајка Тереза, а и соработувал со истоимено сестринство, па помагал во Хрватска и католички семејства, во Задар и куќа се понуди за музеј и сл.

- Кога се сака со полувистини лесно си се вади потребниот “факт”. Со ова логика Тоше можат да го својатаат и други, Босанците може да си вадат право од хумнитарните мисии во Босна и помошта кон муслимански семејства. Како почитувач на верските чувтва тој соработувал и со муслимански институции и има не малку пријатели таму. Се разбира тоа не е причина истите да тргнат во својатање како што Ватикан сега се обидува, барајќи логика во посетите и соработките на Тоше, а злоупотребувајќи му ја хуманоста.

- Ова се прави зашто се свесни дека уметничкото дело и хумани мисии на Тоше се со универзална и бесценета димензија кои уште денес носат не мали привилегии, профити и бенифиции. СЕ ГРАБААТ ЗА НЕГО, ЗА ДА ГО ОГРАБУВААТ НЕГО, исто како што се грабаа а за да ја ограбуваат сосетките Македонија. Ако тоа се прави уште сега за ликот на Тоше, кога ни е пресна вистината за него, како ли ќе се одбрани неговиот лик по 100 години кога многу денешни факти и работи ќе избледнеат.

- Од ова јасна е и денешната тенденцијата од страна на бугарските пропагандисти да ги приграбуваат како “бугарски“ македонските револуционери од пред 100 – тина години и повеќе. И се само заради тоа што оделе меѓу другите и во Софија и имале многубројни контакти а пред се во цел на својата мисија која им е приоритетна (како и на Тоше најразличните средби и контакти а за мисијата).


- Дополнителен хендикеп на Македонците е што тоа го прават во тогаш поробена Македонија и пред 100 години кога немаат свој печат, ниту начини на сочувување пишана вистина особено по бројните војни и делби на Македонија, кога и она нешто што е запишано е цел на уништувања и фалсификати. Ако и успеале да извадат некој весник во соседните државички, се гледа вистинскиот нивни глас, но не траеле долго зашто веднаш биле цел на најразлични перфидни уфрлања и растурања.

- И ако тогаш први Грците со Цариградската патријаршија вршат погрчувања на македонскиот народ од јужните територии на Македонија, па Бугарите со егзархијата и Србите со нивните училишта и пропаганди. Со нив присутна е и албанизацијата во западна Македонија, која можеби и не е толку масовна но секако го земала својот данок.

- Кај соседите на Македонија, интензивните пропагандно-насилнички методи кон асимилацијата на македонскиот народ и подоцнежните окупации на неговата територија е постојана нивна цел. Колку и да им се приложуваат факти денес на продолжувачите од овие пропаганди, тие упорно ќе пливаат со фалсификати и тогаш применувани “факти” а како денешен “историски факт”.