Компарација за црковни пропаганди кај други народи

За да се види особено бугарската “фактичност” интересна ќе е компарацијата со злоупотребата на црквата и надлежноста на свештенствата од една нација над друга и кај други народи, па да се спореди со македонско-бугарскиот спор.



Дури и сојузникот на Бугарите Хитлер по правилно го разгледува прашањето на црковните пропаганди

За подобро да разберат Бугарите еве им еден пример од нивниот близок пријател и сојузник во парчосувањето на Балканот и Европа – Хитлер кој во својот – “Мајн Кампф”,  ќе забележи:

"…Тоа се случуваше вака. Во чисто германски општини се назначуваа свештеници Чеси. Тие систематски и непоколебливо спроведуваа чешка политика, ставајќи ги интересите на Чесите над интересите на црквата.

На тој начин, чешките енории стануваа центри за намалување на влијанието на Германците во земјата. За жал германските духовници излегоа сосема немоќни за да му се спротивстават на тоа. Тие не беа способни самите да поведат слична кампања, тие не беа во состојба дури ни да се бранат. Злоупотребата на религијата од една страна и неспособноста да се даде каков и да е отпор од друга страна ги натера Германците на бавно но континуирано отстапување."
(завршен цитат)

Хитлер уште и ќе рече дека - Црквата не само што го свртела грбот на германскиот народ туку и директно преминала на страната на неговите непријатели.

* Од ова се поставува прашањето - Ако Германците со вековна државна традиција, образовни институции (универзитети, научен кадар и се др.), не можеле да се бранат пред Чешките свештеници кои ширеле чешки национални проекти, тогаш како Македонците се бранеле од бугарските свештеници и ширењето - БУГАРШТИНА?!

* Македонија и македонскиот народ за разлика од Австриците, Германците, немале одамна своја државност, свој систем на школство ниту било каква форма на институција, а од другата противничка страна - непрекинати пропаганди, реки на пари трошени за ваквиот проект на Булграската Егзархија.

* И сето тоа да се издржи - што не значи и дека немало поединци кои и подпаднале под таа пропаганда (би било ненормално да не потпаднат пред сиот тој притисок), штом Германците подпаднале, што останало за нас, но - НИКОГАШ НЕ СЕ ОДРОДИЛЕ, ЗАСЕКОГАШ ОСТАНАЛЕ - МАКЕДОНСКИ НАРОД.