Macedonium
Македониум.орг
Историја
Религија
Архитектура
Култура
Етимологија
Етнологија
Пропаганда
Новости
За Македонија
Македонизам
Анкета
Македониум прашува
Што сакате да читате на Македониум?






Вкупно гласови : 8826
резултати
Македониум музика
Благодарност до Синтезис и Bagi communications

Време
Времето во Д. Капија
Времето во Скопје
Времето во Битола
Календар на настани
Етнологија > Наративно народно творештво > Македонски поговорки
Македонски народни поговорки (Д)
Сподели на Facebook
  • Да 'и купиме еднош волојте, та ќе видиме кој ќе 'и пасит.
  • Да бев ти рекол така да речиш, не ќе речеше.
  • Да береше секоја пчела мед, бумбарон ќе собереше најмногу.
  • Да береше секоја пчела мед, ќе беше ока и пара.
  • Да беше арно, и господ брат ќе имаше.
  • Да би мирно седело, не би чудо видело.
  • Да бидам неста, колку да поминам на редот.
  • Да видам и да не вервам.
  • Да видиш и да не вервиш.
  • Да го дуниш, ќе паднит
  • Да го заколеше, крв не ќе притечеше.
  • Да го маш, ќе плачит, остај го ќе ти се смејт.
  • Да го немат носон, трева ќе пасеше.
  • Да го облеквиш, да не го раниш.
  • Да го помирисаш, носот ќе ти паднит.
  • Да го раниш, да не го облеквиш.
  • Да го стисниш за нос, ќе му излезит душата.
  • Да е глува земја.
  • Да е жив калемот!
  • Да е кабия и в пазва би ме (те. го) клал*.
  • Да зинит, ќе те гълтнит.
  • Да зинит, ќе те измъмит.
  • Да знъјт чвек кога ќе умрит, сам ќе си го ископат гробот.
  • Да зшъјш не е марифет, марифет е да умејш.
  • Да им го видиш ајрот ко прав на тъпан.
  • Да има да цуцнам та ако пукнам, рекол пијаницата).
  • Да имаш два гъза, та еднјот да го рашчиниш, (да не те болит).
  • Да имаш не е марифет, марифет е да знтъјш да чуваш.
  • Да имаше баба мустаќи, не ќе предеше.
  • Да имаше брашно и мас, и баба ке посучеше преснеѕ.
  • Да ме клоцнит ат, се јајт некако, ама да ме клоцнит красто магаре, со нишчо не се јајт.
  • Да ми беше ум до судот, ко шчо ми беше од судот.
  • Да ми е жив соколон, еребици доста.
  • Да ми е овој ум, а она младост.
  • Да му 'и извајш очине, пак ќе прогљат.
  • Да му (ти) цутит јъзикот, (устата, ръката.).
  • Да му е жив калемот!
  • Да му е жив на мъжа ми калемот.
  • Да му паднит носон, не се навеждат да си го зејт.
  • Да му речет: „Летат магаре", тој ќе излезит да го видит.
  • Да му требит капа, да му купиш, ум немојш да му купиш.
  • Да не го знъјш (познаш), скъпо би го платил.
  • Да не дуваше ветар, пајацине небоно ќе го премреже.
  • Да не зинит, та да не те измъмит.
  • Да не му беше (је беше) носон, трева ќе пасеше.
  • Да не ти врнит на свадбата.
  • Да не чујат лошото.
  • Да немаше темница, ич не ќе ни беше мила виделинава.
  • Да паднит на плешчи, носон ќе го скршит.
  • Да паметвите кога бил дедо ви во Солун.
  • Да прднам, ќе умриш (ќе умрит).
  • Да се баре, не ќе се наје.
  • Да се жениш млад, рано е, стар — доцкна е.
  • Да се живи живите да 'и споменвет умрените.
  • Да се живи предните зъби.
  • Да се нает за какан-ден.
  • Да се чудиш и да се древиш (да се крстиш).
  • Да си клајш убетка на уше.
  • Да сме живи, да видиме.
  • Да сум в рај, макар и на крај.
  • Да сум паша, ако со опинци.
  • Да те клоцнит ат, се јајт некако, ама магаре да те клоцнит, болит.
  • Да ти е алал на граот.
  • Да ти е арам лебот шчо го јајш.
  • Да ти е жив калемот, дај да ти го бацам.
  • Да ти е жив коњот шчо ти цојса лани.
  • Да ти е жив коњот.
  • Да ти кажам ко на брат, за да го чујат цел град.
  • Да фатит вол (магаре) з' опашка, ќе му останит опашката в ръце.
  • Давил не давил вълкон, ко ке го видет му викет: Уа, уа!
  • Дадена ръка, спасена душа.
  • Дај ми 'и очите да те видам.
  • Дај ми 'и очите да те водам.
  • Дај ми, боже, шчо ми мислит жена ми, а не мајка ми.
  • Дај ми, боже, шчо ми мислит комшијана, а не мајка и татко.
  • Дај му на бога проскура, за да не му даш на ѓаолот ќиселец.
  • Дај му на будалата етап, за да ти е скршит глата.
  • Дај на питач, на бога му даш.
  • Дај нож да се (те) закољам.
  • Дај садака, на господа заем му даш.
  • Дај со ръце, барај со ноѕе.
  • Дала баба грош да се фатит на оро, после дала и јузлук да се пушчит, ама не је пушчале.
  • Дан ти се уборит (убори) бисерот.
  • Даскалска гла — празна.
  • Два гъза в едно рало гашчи.
  • Два карпуза под една мишка не се носет.
  • Два ќотега се карет, ама не и два ручега.
  • Два лешника еден орев надвивјет.
  • Два љути (остри) камена брашно не мелет.
  • Два петла на едно бунишче не пејет.
  • Два ручега не се карет, а два ќотега.
  • Двајца без душа, третјот без гла.
  • Двајца голи за на бана.
  • Двапъти (десетпъти) удри еднош број.
  • Двапъти в стъпица не падинат лисица
  • Двапъти водејнци се зборвит.
  • Двапъти водејнци, трипьти ваљајци се кажвит.
  • Двапъти мери, еднош сечи.
  • Двапъти по очите, еднош по носот, образ и немат.
  • Две добра на една перница не лежет.
  • Дури срце не заболит, око не заплаквит.
  • Дури сум жив и здрав, се пари сум.
  • Дури чвек сам не се пострамотит, никој, не мојт да го пострамотит.
  • Душа носиме, душа не поелвиме.
  • Душа од мрша лесно не се делит.
  • Душата во носот си је носит.
  • Дълга болест полоша од смрт,
  • Дългокоси — кусоумни.

Сподели на Facebook | << Назад | Најгоре

Овој наслов е прочитан 9698 пати
Просечна оцена од посетителите
 5 од 5
Оцена:




 
Запиши
Коментар:

 

четврток, 28 март 2024
Моментно посетители: 82

Македонија низ фотографии

Галерии: 1 | 2 | 3 | 4 | 5 | 6 | 7 | 8 | 9 | 10 | 11 | 12 | 13 | 14 | 15 | 16  (нова)
Дали знаевте дека...
 Моштите на Св.Марина
--------------------------------
 Св. мччка Васса со деца: Теогниј, Агапиј и Пист
--------------------------------
 Први истражувања на флората во Македонија
--------------------------------
 Македонскиот крал-бебе на бојното поле
--------------------------------
 Св. Васа Солунска
--------------------------------
Дневни случувања
 Тауресиум ќе се презентира пред јавност
 Под македонското сонце во Прага
 Архитектурата од 4 до 6 век на виделина
 Ова не е Танец, ова е чудо од Македонија!
 Инаугуриран четвртиот македонски претседател

Македонски времеплов
Март
Април
Мај
Јуни
Јули
Август
Февруари
Септември
Октомври
Ноември
Јануари
Декември
 
Copyright Macedonium | © 2007-2008 Број на посетители: