Macedonium
Македониум.орг
Историја
Религија
Архитектура
Култура
Етимологија
Етнологија
Пропаганда
Новости
За Македонија
Македонизам
Анкета
Македониум прашува
Што сакате да читате на Македониум?






Вкупно гласови : 8828
резултати
Македониум музика
Благодарност до Синтезис и Bagi communications

Време
Времето во Д. Капија
Времето во Скопје
Времето во Битола
Календар на настани
Етнологија > Наративно народно творештво > Народни приказни
Итар Пејо и стариот арамија
Сподели на Facebook

Некој си прочуен арамија слушнал за итроштините на Пеја итроманецот и решил да го испроба во својот - арамискиот занает.

Го нашол еден ден во чаршија и му предложил да го научи да краде. -Добро, -му одговорил Пејо, мислејќи си во себе дека не е лошо човек да знае нешто повеќе, и тргнал со арамијата. Подкраднале што подкраднале ситни работи по чаршијата, отишле и во село. И тука украле по некое јагне, јаре, кокошка, јајца и арамијата видел дека ќе го бидува Пеја и за оваа работа, решил да го подложи на најзрел испит па му рекол: -Знајш што Пејо.Ти го испече донекаде мојот занает , но денеска треба уште нешто да ти кажам и да те испробам , па ако излезеш и тука како што треба, ќе ти дадам диплома од занаетот .

Ене ондека на врбана има страчкино седело, во него има јајца на кои лежи страчката. Гледај ти како ќе ги украдам јајцата, а да не сети страчката и да летне. -И се качи стариот арамија, го продупил седелото одоздола и ги украл сите јајца на страчката без да го забележи и да летне. Арно ама, во тоа време Пејо се качил по него. Дури арамијата занесен во кражбата, Пејо му ги одврзал бечвите и полека му ги избутнал , та слегол и ги скрил во трњето крај врбата. Кога слегол арамијата и се видел без бечви, му ја подал раката на Пеја и му рекол: -дај ми ги, Пејо бечвите и оди ми си со здравје. Го положи и овој испит одлично. Така Пејо добил уште еден занает, но никогаш со него не се користел зашто не бил арамија по душа.

Сподели на Facebook | << Назад | Најгоре

Овој наслов е прочитан 31792 пати
Просечна оцена од посетителите
 4,08 од 5
Оцена:




 
Запиши
Коментар:

 

петок, 29 март 2024
Моментно посетители: 34

Македонија низ фотографии

Галерии: 1 | 2 | 3 | 4 | 5 | 6 | 7 | 8 | 9 | 10 | 11 | 12 | 13 | 14 | 15 | 16  (нова)
Дали знаевте дека...
 Софија, подигната и обновена од цар Македонец
--------------------------------
 Филип и Александар, најчести имиња во Македонија
--------------------------------
 Музејот како поим потекнува од деветте музи
--------------------------------
 Првиот златен медал на македонски фотографи
--------------------------------
 Анексија
--------------------------------
Дневни случувања
 Тауресиум ќе се презентира пред јавност
 Под македонското сонце во Прага
 Архитектурата од 4 до 6 век на виделина
 Ова не е Танец, ова е чудо од Македонија!
 Инаугуриран четвртиот македонски претседател

Македонски времеплов
Март
Април
Мај
Јуни
Јули
Август
Февруари
Септември
Октомври
Ноември
Јануари
Декември
 
Copyright Macedonium | © 2007-2008 Број на посетители: