Macedonium
Македониум.орг
Историја
Религија
Архитектура
Култура
Етимологија
Етнологија
Пропаганда
Новости
За Македонија
Македонизам
Анкета
Македониум прашува
Што сакате да читате на Македониум?






Вкупно гласови : 8850
резултати
Македониум музика
Благодарност до Синтезис и Bagi communications

Време
Времето во Д. Капија
Времето во Скопје
Времето во Битола
Календар на настани
Етнологија > Наративно народно творештво > Народни приказни
Дервишот и измеќарот
Сподели на Facebook
Еден цар имал еден дервиш покрај себе, што знаел што прави Господ и друзи работи на веков. My текнало еднаш на царот да посака еден човек од патрикот, да се борат со дервишот.
Кога го чул патрикот тој збор, многу на гајле паднал.
Се кај што одел, замислен одел.
Го пуштил измеќарот да го свика мезли-чот,
да им каже патрикот што човек сака царот, и за час ги собрал.
Им кажал патрикот што човек сака царот;
арно ама никој одговор не можел на тој збор да му даде.
Кога виде измеќарот од патрикот оти не можат крај да најдат за таков човек, му се моли на патрикот и на мезличот, него да го пуштат, џувап да му даде на дервишот.
Јок бидува, јок не бидува, најпосле го пуштија.
Одење измеќарот кај царот и се ставиле со дервишот за да се лажат.
Co прво дервишот почнал да му прави ишарет со раката,
со растворени прсти наугоре, како да излегува нешто од земи.
А пак измеќарот од патриког и тој така му направи со прстите одозгора наудолу,
мислејќи си оти дервишот сака да каже — вари некое тенџере, и тој му го клавал капакот. „Е, бре каурче, го прашал дервишот, што сакам да ти кажам со раката?"
„Знам јас што сакаш да кажеш, му рекол измеќарот, ама ти кажи си го твоето, јас ќе си го кажам моето."
„Јас ти кажав оти се што се раѓа од земи од Бога е," му рекол дервишот.
„Вистина тоа сакаше да кажеш, дервиш баба, му рекол, а пак јас ти кажав, оти ако Господ не пушти дожд одозгора, нема да порасте бериќетот."
Кога го чу тоа нешто царот, бравос му рече на измеќарот од патрикот.
Посакал дервишот млеко и леб и му даде на измеќарот да дроби и тој леб во млекото. Дробејќи измеќарот леб, си ги правел мошне мали залазите и си ги броел.
Таман посркале по пет-шест лажици и му вели дервишот на измеќарот:
„Знаеш, каурче, оти Господ сега јаде леб и млеко?"
„Ни јас знаам, ни ти знаеш, дервиш баба," му рекол измеќарот и го удрил со лажицата по рака.
„Зошто маваш, бре каурче, му рекол дервишот, што ти сторив, ја кажи ми да чујам?"
„Како што ми стори, бре дервиш баба, му рекол измеќарот, кога ми ги јадеш залазите мои, и залазите не знаеш кои се твои да си ти јадеш, та ќе знаеш Господ што јаде."
Кога го чу царот и тој збор од измеќарот, ашколсун му рекол и голем бакшиш му дал,
а пак дервишот го истерал, суруклеме.

Сподели на Facebook | << Назад | Најгоре

Овој наслов е прочитан 15040 пати
Просечна оцена од посетителите
 3,4 од 5
Оцена:




 
Запиши
Коментар:

 

вторник, 16 април 2024
Моментно посетители: 91

Македонија низ фотографии

Галерии: 1 | 2 | 3 | 4 | 5 | 6 | 7 | 8 | 9 | 10 | 11 | 12 | 13 | 14 | 15 | 16  (нова)
Дали знаевте дека...
 Златото на Индија кај Александар
--------------------------------
 Македонија ограбена ризница на културно наследство
--------------------------------
 Св. мч. Александар
--------------------------------
 Македонското име одбрането и со ихитофауната
--------------------------------
 Ерменецот роб – најуспешен војсководец на Јустиниј
--------------------------------
Дневни случувања
 Тауресиум ќе се презентира пред јавност
 Под македонското сонце во Прага
 Архитектурата од 4 до 6 век на виделина
 Ова не е Танец, ова е чудо од Македонија!
 Инаугуриран четвртиот македонски претседател

Македонски времеплов
Март
Април
Мај
Јуни
Јули
Август
Февруари
Септември
Октомври
Ноември
Јануари
Декември
 
Copyright Macedonium | © 2007-2008 Број на посетители: