Macedonium
Македониум.орг
Историја
Религија
Архитектура
Култура
Етимологија
Етнологија
Пропаганда
Новости
За Македонија
Македонизам
Анкета
Македониум прашува
Што сакате да читате на Македониум?






Вкупно гласови : 8828
резултати
Македониум музика
Благодарност до Синтезис и Bagi communications

Време
Времето во Д. Капија
Времето во Скопје
Времето во Битола
Календар на настани
Етнологија > Традиции и обичаи > Маски и џаламарство
Еротските елементи во обредите со маски
Сподели на Facebook
Етнографските материјали за обредните маскирани дружини кај Македонците само фрагментално зборуваат за еротските елементи.

Како и во други случаи, се среќаваме со проблем на истражување врз основа на материјалите што се разликуваат по квалитет во зависност од времето кога се собирани, стручноста на собирачите, техниката на работа на терен и што е многу значјно за оваа тема, личниот став на собирачите по однос на еротските елементи присутни во обичаите. Сировиот, често егзибиционистички хумор, што се појавува во овие обреди, претставувал нешто што било надвор од етаблираните етишко-морални норми и не бил во согласност со воспитанието на собирачите на етнографски и фолклкорни материјали некаде до 60-те години на овој век. Дури и при запишувањето  на одделни примери коледарски, василичарски и свадбени песни се забележува самоцензура по однос на овие “непристојни” теми. Тоа создава слика дека се работи за некои “непристојности” дефинирани како забава од погруб “селски” вид. Поновите теренски материјали што се однесуваат на оваа тема произлегуваат од истражувањето на Б.Русиќ. Ракописите се депонирани во архивот на МАНУ. податоците се собирани некаде околу 50-те години, што истовремено е период кога власта, во согласност со социјалистичките етичко-морални норми, имала негативен став кон сите т.н. “суеверија” и ги прогонувала учениците во обредите со маски. Материјалите на Русиќ се собирани врз основа на кажувања на информаторите, главно без личен увид во обредите. Кон се што потсетува на “непристојно” авторот е резервиран така што, освен во ретките случаи, овој аспект комплетно изостанува. Дури во најново време, како резултат на собирачка теренска акција на Институтот за фолклор од Скопје, собран е еден фонд на песни со еротска содржина, касирани како календарски, василичарски, свадбарски. Врз основа на тие материјали, Блаже Ристевски го објави првиот позначен прилог на оваа тема. Нови прилози со оваа тематика објави Боне Величковски, при што од особено значење е неговата магистерска работа “Македонски народни еротски песни”. Карактеристиките на еротските песни прикажани во овие трудови во значителна мерка ги разјаснуваат елементите на обредите со маскирани поворки.

Ако се земат предвид архивските извори, постарите и поновите објавени материјали и најновите презентирани податоци во посочената магистерска работа, споредени со сопствените теренски истражувања сврзани со оваа проблематика, може да се види дека календарот на периодичната застапеност на обредите со маски може да се следи од Коледе(Бадник), за време на некрстените денови, особено спроти василица, на водици, во деновите непосредно пред големите велигденски пости(Поклади) и за време на првите три дена на велигденските пости (Тримери), на Благовести (Лазара), на Велигден (вториот и третиот ден и на првата среда по велигден), на Ѓурѓовден и на Спасовден, а во многу случаи на свадби, во понеделник и на сунет(свадба). Постои еден податок во граѓата на Б.Русиќ за одржување на обред со маски на Петровден во с.Пустец. Прашањето на вршење обреди со маски за време на жетвените свечености во Македонија треба посебно да се обработи, за што зборува и податокот од граѓата на С.Верковиќ, за обичјот Џамала во с.Мачуково. Постојат податоци за маскирање за време на селска слава-курбан во Малешево и за време на есенските собири со предење во Злетово-т.н. попрелки.

Може да се види дека маскираните дружини се разликуваат по бројот на учесниците, но скоро во ист основен состав и со слижни содржини се појавуваат во еден критичен период, воденовите почниваќи од зимската краткодневница, па се до зголемувањето на денот. Како што веќе е познато, се работи аз обичаи и верувања сврзани со елементи од аграрната магија за плодност, сфатена како општ животен принцип. Во врска со магијата за плодност и заштита, маскираните дружини се појавуваат и во свадбениот обред во понеделник. Слижна е и функцијата и на мотивот карикирана свадба во обредите со маски во назначените периоди и денови, бидејќи на најдобар начин создава атмосфера со еротски набој. Еуфоријата се подгревала со употреба на опојни пијалоци. Посебно место зазема темата смрт-оживување како обред во обред, сфатен како обред на премин, при што фаза на одвојување била смртта, фаза на лиминалност-лекување, а фаза на агрегација-потенција,оживувањето.

Во процесот на заборавање на значењето на обичаите, што е во согласност со замената на екстензивното стопанство со интензивно и вкупните промени во животот на луѓето на село, овие обради претежно добиле значење на забава и игра со актуелни теми од секојдневието, може да следи и нивниот премин во детскиот фолклор, но некои аспекти на интеграција на заедницата низ заеднички манифестации останале до денешни дни.

Ако ги посматраме овие обреди во смисла на создавање дополнителна енергија можеме да следиме наизменични енергиски импулси на релација ( + / - ), (ерос / танатос), (смрт / живот). Во таа смисла го сфаќаме и екстремно нагласениот еротски аспект на разни видови сексуаност во обредите со маскирани поворки, што се искажуваат низ рушење на некои табуи, пред се - грдото, безобразното и насилното, сфатени како зборови на заедничко значење. Со прифаќање на грдо - безобразно - насилно, како еротски принципи на гротескното, навлегуваме во друга стварност исполнета со фасцинација и егзибиционизам од секаков вид, кеде што доминира телесното, интимното и сите составни елементи што спаѓаат во круг. Енергијата се ослободува низ френетично смеење како одбрана од стравот од смртта. Песните што се пеат или ранењата што се складираат и извлекуваат кај нас се познати по термините мрсни, гнасни. безобразни. Се од овој домен што е неприфатливо во секојдневниот живот за време на обредите со маски е дозволено и нормално. За тоа, меѓу другото, зборува и примерот од с.Чемерско кога коледарите им пееле мрсни песни на девојките за мажење со директно обраќање до нивниот татко, а тој немал ништо против тоа, иако содржините боле со многу мрсна конотација.

Главни актери во обрадите  со маски се млади и постари мажи, проближно од 20 до 60 години, коишто ги превземаат и женските улоги. Во Македонија овие обреди се најбогато застапени кај Македонците христијани.

Оргијастичката атмосфера се создавала со мотивот селска свадба, со застапеност на слични ликови и реквизити некаде до средината на ХХ век.

Самиот мотив селска свадба вклучува редици гротексни  и насилнички елементи сврзани за аспектите на нерегуларни склучуваеа на брак со грабнување на жена со напад и тепачка, со елементи на ритуален двобој, групно право на невеста и сл.

Главни маскирани ликови се: баба и дедо (често баба со дете) - зет и невеста (често бремена невеста или со бебе-кукла), невести или орвани (со слободно однесување), гатач, валкач, легач, доктор, пола човек-пола магаре(слично на античкиот кентаур),грбави териоморфни суштества со опашки и исцрнети лица, кепец, ѓавол, Ѓупци, мечки, кози, јариња, кобила, магаре-магарица(од две маскирани лица покриени со черга со навлечен јарем за орање), штрк, камила(две маскирани лица), кола (четири маскирани лица покриени со черги преку кои јаваат деца) итн.

Главен реквизит е фалусниот симбол што се појавува во различни форми:

-Стап со задебелување на едниот или двата краја - суројца, суровица грабовица.

-Класови пченка што маскираните лица ги носат напред

-Кросно

-Рачки од рало

-Праз

-Лејки и клопотарци

-Оружје (дрвени ножеви, сабји, јатагани, пиштоли)

-Музички инструменти (шупелка, гајда и тапан)

За стапот како фалусен симбол на обредите со маски на Балканот постојат повеќе податоци во  етнолошката литература. Маскираните лица во обредите кај Македонците го користат стапот во функција на фалус со кој што прават јасни гротексни алузии на еротскто надразнување и сексуален акт. Оваа функција на “суровицата” недвомислено е изразена во промерите на песни со еротска содржина, како на пример “Цуцул стои на грутка” во делот:

                    -Што ќе му мавца?

                    -Да си мачка стапчето.

                    -Што ќе му сапчето?

                    -Да си тепа бабата.

                    -А што ќе му бабата?

                    -Да му роди машко дете...

           или:

                     -Суровица грабовица

                    -Удри баба по тртица

                    -Да ми роди машко дете...

Истото се однесува и на другите реквизити како што се класовите пченка, празот и сл. Рачките од рало и плуг се изразите фалусни симболи забележани кај другите балкански народи, особено при обредите на магиско заорување. Карактеристичен е примерот  со т.н. кукерски хаџија којшто изведувал еротски песни на исправено рало по обредно заорување.

Б.Русиќ забележал дека во некои села во Македонија маскираните лица со рачки од рало ги бркале невестите. Ралото и плугот како фалусни симболи со функција на оплодување ги среќаваме и во еротските песни во Македониа.           

                    Ор домаќине, дур домаќине,

                    Одовде ќе ти извајме еден плиг

                    Овде ќе ти го клајме...

Не е случајно што во Радовишко мрсни песни од овој тип се извикуваат на коледарски оган за време на обичајот познат со термин Ора-копа.

Во таа смисла, кросното, лејките, клопотарците (плокотарците) и сл. се соодветни фалусни симболи или екстремен комичен супститут за составните делови на машкиот полов орган.

Оружјето, како на пример ножевите сабјите и сл., можеле да бидат дрвени, но во постаро време сигурно биле вистински, како што биле јатаганите и пиштолите. Еротската компонента тука се допира до својот опозит - смртта. Ритуалниот двобој во минатото бил придружен елемент во обредите со маски, кога ќсе се пресретнеле две дружини, За тоа зборуваат податоците од етнографската граѓа и топонимите како Џамаларски или Старчинарски гробишта.

Гајдата, шупелката и тапанот како инструменти најблиски до телесното, т.н. “бесовски”, на свој начин ја дополнувале еротската атмосфера, не само со звук туку и по форма. Веќе е забележано од страна на етномузиколозите дека подигнатотобрачло на Македонската гајда буди еротски социјации. Тие се изразени и во Македонските еротски песни, како на промер.

                    -...Дојди да го видиш

                    -Как се надуја

                    -Кату гајда на сред село...

 Негативното мислење за некои од овие “бесовски” инструменти постоело кај некои византски црковни и световни лица, на пример во однос на еден вид кавал што бил потценуван како инструмент што потикнува ниски страсти и за тапанот како многу гласен и одвратен по звук.

Меѓу брините еротски елементи спаѓаат заемните односи на двете клучни фигури со назнаки на примарна плодна двојка, прикажани во ликовите на бабата и дедото. Преку староста како контрасна состојба се потенцира сексуалната долговечност и неограничена плодност. Во врска со ликот баба Д.Драгојловиќ дава податоци дека во основа се работи за божество  наветерот кај балкански-анадолските народи, при што посебно ги посочува пишуваните ивори на Тракијците. Во таа смисла, Тој не се сложува дека во јужнословенските обреди ликот баба е сврзан со култовите на плодност. Од друга страна, теренските материјали покажуваат доминација на аспектот на плодност во ликот баб или невеста. Самиот факт што бабата во маскираните поворки често е прикажана како со кукла дете-бебе или како се тркала по земја, а другите одта по неа и ја допираат, потоа невестата како раѓа вреска како коза или носи дете, сами за себе зборуваат во прилог на тезата дека се работи за реминисценции од култ на родилка и доилка, каде што според Д.Антонијавиќ и други автори, се насетува божество од повисок ранг, од типот на Голема мајка. Во таа смисла се и многубројните примери на македонски еротски песни каде што спаѓаат и двата примера посочени во текстот. Согласно со ликот набата е комплементарниот лик на дедотокако примарен оплодувач со натчовечки можности во поглед на физичките исексуалните потенцијали, за што зборуваат повеќе варијанти на еротски песни од типот:

                    Пошол дедо на пазар,(2)

                    Ставил си го на самар (2)

           или:

                     О о о, коледе

                    Дедо седи на копа

                    Баба седи под копа

                    Дедо падна од копа

                    На баба и го закопа

Во ракописните материјали на Б.Русиќ, каде што главно се одбегнува оваа тема, постијат два драгоцени податоци за селата Огут и Псача (Кривопаланечко), дека маскираните џамалари и сировари симулирале сексуален чин.

Аспектот на “друга” димензија, надвор од вообичаеното, каде што дејството се одвива во некое “друго време”, се потврдува со податоците според кои бабата и дедото во с.Присовјани го менувале својот глас кога зборувале и пееле, невестата врескала како коза додека “раѓала”, во с.Мушково маскираните зборувале како животни, а во друго село врескале како кози и јариња итн. Станува збор, покрај другото, и за елементи на немушт јазик како особина на посебните, избраните за таа прилика, а истражувањата покажале дека Бадник се смета за време кога дивите и други животни зборуваат.

Мотивот смрт-живот, сфатен како обред на премин подразбира три фази: смрт(сексуална немоќ), лекување (сексуално надразнување - “дрнкање”, “живкање” и “оживување” (потенција)). Овој момент веќе бол предмет на етнолошките истражување, особено во врска со калушарите и кукерите.

Во етнографските материјали за овој обред во Македонија постијат малубројни податоци, а тие се  нејасно прикажани и во завиена форма. Во постарите материјали спаѓаат податоците на М.С.Филиповиќ каде што доста добро можат да се проследат основните обележја на обредот. Во Дебарски Дримкол “ја оживуваат” (лечат0 бабата, а во Скопско, во селата Булачани, Црешово, Кучково, Шишево, дерачот (докторот), орваните, невестите и бабата го лечат дедото. Еротските елементи се доста јасно прикажани во вториот случај, каде што дерачот го “дере” дедото со кросно од разбој, допирајќи го по телото, а во с.Кучково бабата се расчекорува над дедото ија шири кошулата како да му мокри во уста. Слична форма на обредот авторот забележал во с.Шишево каде невестите, клекнати над умрениот, правеле движења како да мократ додека старецот се наведнувал и му дувал во задникот, при што умрениот станувал на нозе и оживувал.

Русиќ на повеќе места споменува дека се работи за сцени на умирање(убивање)-оживување, но само на едно место дава оскудни податоци за Скопската Котлина. Навистина Русиќ дава податоци дека маскираните лица симулирале сексуален чин, но не ја прикажува ситуацијата. Од литературата е познато дека кукерите во фаза на лечење на умрениот имитирале сексуален чин, што спаѓало во улогата на бабата, при што извикувале посебни дијалози со алузии на жена која жали по изгубената сексуална моќ на мажот. Посебно светло кон ова прашање дава податокот на Б.Ристовски дека легачот е подложен на “дрнкање” (или “живкање”); тој легнува, а другите “му го мафтаат таквото”. Оваа ситуација одговара  на одреден  тип на еротски песни што често се застапени кај Македонците, како на примет:

                     Оди дедо по пољани

                    Баба трчи по него:

                    Дај ми дедо од него,

                    Ја не можам без него...

           Или:

                     Дедо, оти дремиш,

                    Оти куре носиш,

                    И крај пички постиш?

                    Курот беше здраф

                    Дури си беф млад

Oдетнографскиот материјал и литературата може да се види дека во Македонија, како и пошироко на Балканот, во обредите со маскирано дружини се задржале редица еротски елементи маѓу кои доминираат реминисценции на култот на фалусот како оплодивачки принцип во природата. Овие обреди содржат некои стабилни драмски елементи, врз основа на кои се импровизира на лице место. Тоа е мотивот селска свадба со главни учесници(баба, дедо ,зет-невеста), како основна плодна двојка, како единство на машки и женски космички принцип, и мотивот смрт-оживување. Другите учесници и нивните маски се утврдени и скоро изедначени и во одреден период и локално карактеристични за одделни села, но сепак подлежат на поголеми промени, односно подинамично ги следат промените во животот. Во обредите бил присутен и елементот на ритуален двобој меѓу две маскирани дружини коишто ќе се сретнат. Оваа состојба може да се следи некаде до средината на овој век, до периодот кога власта почнува да го забранува вршењето на обредите.

Календарот на одржување на обредите со маски кај Македонците покажува најголема концентрација во периодот од Коледе, околу зимската краткодневница, па се до Ѓурѓовден и Спасовден, така што овој интервал може да се гледа во целина како критичен период во кој се превземале мерки за заштита од мракот и силите на злото. Одбраната се вршела на многу витален, примарен начин со магија на застрашување и на плодност. Тоа го потврдуваат бројните еротски елементи каде што посебно се значајни личностите баба, дедо со нивната маскирана дружина, потоа реквизитите од кои е најзначаен фалусниот симбол, драмските елементи на ерос - танатос, смрт - живот, игрите, музиката и специфичниот еротски фолклор. Луѓето се препуштале целосно на оваа димензија на занес со еротски набој. Атмосферата се подигнувала и со пиење на опојни пијалоци. Ниа отпушѕањето секој поединец се ослободувал од товарот на секојденевието. Во тие прилики се рушеле секојдневните табуи и добивале статус на дозволено. низ оваа декомпозиција се постигнувала нова интеграција на заедницата.

Обновувањето на празниците ви кои учествуваат маскирани дружини денес претставува нов проблем за истражување секако не помалку значаен за етнолошката наука отколку обредите што им претходеле, особено во врска со процесот на премин во уметничката сфера. Меѓутоа, паралелното внимание на двете состојби - минато и сегашност, ќе придонесат да се исполни една празнина што постои во истражувањата на овие обреди во Македонија.

Етнолошките истражувања на обредите на маскирани дружини ќе придонеста да се корегираат некои нејаснотии во класификацијата на еротските народни песни коишто најчесто се дефинираат како коледарски. Б.Русиќ забележал дека маскираните лазарци на Лазара пееле коледарски песни, а исти слични песни се пееле и на сите други календарски денови кога се одржувале обреди со маски.

Сподели на Facebook | << Назад | Најгоре

Овој наслов е прочитан 7615 пати
Просечна оцена од посетителите
 5 од 5
Оцена:




 
Запиши
Коментар:

 

петок, 29 март 2024
Моментно посетители: 40

Македонија низ фотографии

Галерии: 1 | 2 | 3 | 4 | 5 | 6 | 7 | 8 | 9 | 10 | 11 | 12 | 13 | 14 | 15 | 16  (нова)
Дали знаевте дека...
 Прст од раката на Св.Ѓорѓи во Паралово
--------------------------------
 Апокрифи – скриени списи
--------------------------------
 Св. Евстатиј архиеп. Антиохиски
--------------------------------
 Академија – историјат
--------------------------------
 Првата црква во Европа е во Македонија
--------------------------------
Дневни случувања
 Тауресиум ќе се презентира пред јавност
 Под македонското сонце во Прага
 Архитектурата од 4 до 6 век на виделина
 Ова не е Танец, ова е чудо од Македонија!
 Инаугуриран четвртиот македонски претседател

Македонски времеплов
Март
Април
Мај
Јуни
Јули
Август
Февруари
Септември
Октомври
Ноември
Јануари
Декември
 
Copyright Macedonium | © 2007-2008 Број на посетители: